Организатор на наградната игра „mKlik, ем нов телефон!“ (во понатамошниот текст „Наградна игра“) е НЛБ Банка АД Скопје, со седиште на ул. Мајка Тереза бр.1, 1000 Скопје (во понатамошниот текст: „Организатор“) во согласност со овие официјални правила на Наградната игра (во натамошниот текст: „Официјални правила“).
Официјалното име на Наградната игра е „mKlik, ем нов телефон!“.
Организаторот на наградната игра е лоциран во Република Македонија, како и серверот на кој е хостиран сајтот www.nagradnaigra.nlb.mk , преку кој се реализира наградната игра.
Наградната игра ќе започне од 01.03.2018 и ќе трае до 31.03.2018 година.
Наградната игра има за цел рекламирање на НЛБ мКлик апликацијата за мобилно банкарство за физички лица и зголемување на бројот на нови корисници на апликацијата.
Право за учество во Наградната игра имаат сите полнолетни физички лица - државјани на Република Македонија (лица со и над 18 годишна возраст), кои ја имаат инсталирано НЛБ мКлик мобилната апликација во периодот во кој ќе се одвива наградната игра и се корисници на некој од следниве типови на НЛБ мКлик пакет: Light пакет, Пакет за млади, Standard пакет и Comfort пакет. Сите кои станале корисници на НЛБ мКлик пакет во периодот од 01.03.2018 до 31.03.2018 година, автоматски се квалификуваат за учество во наградната игра.
Исто така, право за учество во Наградната игра имаат и сите постоечки корисници на НЛБ мКлик мобилната апликација кои се корисници на еден од горенаведените пакети и кои ќе се пријават за наградната игра во периодот од 01.03.2018 до 31.03.2018 година преку микросајтот http://www.nagradnaigra.nlb.mk со пополнување на потребните податоци.
Еден учесник во наградната игра не може да добие повеќе од една неделна награда.
Квалификуван учесник во наградната игра е секое лице со право на учество во наградната игра кое во периодот во кој ќе се одвива наградната игра, ја има инсталирано НЛБ мКлик мобилната апликација и е корисник на некој НЛБ мКлик пакет: Light пакет, Пакет за млади, Standard пакет и Comfort пакет.
Исто така, квалификувани учесници во Наградната игра се и сите постоечки корисници на НЛБ мКлик мобилната апликација кои се корисници на еден од горенаведените пакети и ќе се пријават за наградната игра преку микросајтот www.nagradnaigra.nlb.mk, во периодот во кој се одржува наградната игра. Едно лице, без разлика колку пати ќе ја инсталира НЛБ мКлик апликацијата или ќе го пријави своето учество на микросајтот, ќе се квалификува само еднаш за учество во наградната игра.
Со цел да се утврди дали клиентите користат НЛБ мКлик пакет и кога е истиот активиран, Банката во периодот на наградната игра ќе генерира извештаи со потребните информации кои го потврдуваат статусот на клиентот и дали истиот е квалификуван да учествува во наградната игра.
Наградната игра ги нуди следните награди:
Тип на награда | Количина | Единечна цена +ДДВ | Вкупно +ДДВ |
---|---|---|---|
Мобилен телефон Samsung S8 | 5 | 42.500 МКД | 212.500 МКД |
Количините на наградите од Наградната игра се ограничени и нема да бидат доделени повеќе награди од оние кои се претходно определени.
Вкупниот број на награди е 5, а вкупната вредност на наградниот фонд е 212.500 МКД.
Извлекувањето на наградите ќе се врши секој понеделник во периодот од 01.03.2018 до 02.04.2018 година.
Во текот на наградната игра ќе се доделува само еден тип неделни награди.
НЕДЕЛНА НАГРАДА
Наградната игра трае од 01.03.2018 до 31.03.2018 година. Секој понеделник, почнувајќи од 01.03.2018 до 02.04.2018 година ќе се извлекува по 1 добитник на неделна награда - мобилен телефон Samsung S8.
Извлекувањето на добитниците ќе се врши од квалификуваните учесници од почетокот на играта од 01.03.2018 година од 00:00 часот, до 23:59 часот на денот кој претходи на денот на извлекувањето, а за извлекувањето на 02.04.2018 кога ќе бидат земени предвид квалификуваните учесници од почетокот на играта од 01.03.2018 година од 00:00 часот до 23:59 часот на 31.03.2018 година. Во првото извлекување на 05.03.2018 година ќе бидат земени предвид квалификуваните учесници од 01.03.2018 година од 00:00 часот до 23:59 часот на 04.03.2018 година. Во извлекувањата на неделни награди кои ќе се одржат на 12.03.2018, 19.03.2018, 26.03.2018 година ќе бидат вклучени сите квалификувани учесници од 01.03.2018 година од 00:00 часот до 23:59 часот претходниот ден од денот на извлекувањето. За извлекувањето на 02.04.2018 година ќе бидат земени предвид квалификуваните учесници од почетокот на играта од 01.03.2018 година од 00:00 часот до 23:59 часот на 31.03.2018 година. Во извлекувањата на 12.03.2018, 19.03.2018, 26.03.2018, 02.04.2018 година ќе бидат исклучени добитниците кои веќе освоиле неделна награда во наградната игра.
Неделните извлекувања ќе се одвиваат секој понеделник во 15:00 часот.
Добитници:
ДОБИТНИКОТ НА ЕДНА НЕДЕЛНА НАГРАДА не учествува во следните неделни извлекувања и не може да добие друга неделна награда.
Извлекувањата на наградите и определување на добитниците ќе се врши електронски, по случаен избор со помош на софтвер во просториите на Дирекцијата на Банката на ул. Мајка Тереза бр.1, Скопје. Извлекувањата на неделните награди ќе се контролираат од страна на комисија составена од 3 члена – вработени во Банката и 1 нотар, преку генерирање на соодветни извештаи во системот на Банката.
Добитникот на неделната награда ќе биде објавуван секој вторник на веб страната на Организаторот www.nagradnaigra.nlb.mk Добитниците на наградите се должни во рок од 60 дена од денот на објавување на добитниците на веб страната на Организаторот www.nagradnaigra.nlb.mk да ги подигнат наградите. Наградите може да се подигнат секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот на следната адреса: НЛБ Банка АД Скопје – Служба за контрола, координација и маркетинг, Ул. Мајка Тереза бр. 1, 1000 Скопје. По конечна реализација на сите награди престануваат сите обврски на Организаторот на Наградната игра спрема добитниците.
Наградата ќе биде доделена само ако учесниците се квалификувани, имаат право на учество и ако целосно ги почитуваат Правилата на наградната игра.
Вработените кај Организаторот како и членовите на нивните потесни семејства немаат право да учествуваат во наградната игра
Организаторот е одговорен за сите даноци, надоместоци или одговорности поврзани со наградата, вклучувајќи и персонален данок за секоја награда која поединечно го надминува износот од 5,000.00 денари.
Наградите не се пренесуваат ниту се препишуваат пред претходно доделување на истите.
Организаторот има право личните податоци на добитниците да ги користи во своите идни маркетинг активности по претходно добиена писмена согласност од страна на добитникот за користење на неговите лични податоци.
Доколку добитникот не сака неговите лични податоци да бидат искористени за горенаведените активности, може да прати допис до Организаторот, врз основа на кој неговите/нејзините лични податоци ќе се исклучат од понатамошно користење во такви цели.
Незадоволниот учесник во Наградната игра има право во рок од 3 (три) дена од денот на објавување на списокот на добитници да поднесе приговор во писмена форма до Организаторот на Наградната игра, кој е должен во рок од 3 (три) работни дена писмено да одговори на добиениот приговор.
Организаторот има право да ја откаже Наградната игра во било која фаза, со поднесување на образложено барање и по добивање на одобрение од Министерството за финасии и да ја извести јавноста преку дневниот печат, доколку настапи штетна последица предизвикана со кривично дело или поради делување на виша сила.
Во случај на спор помеѓу Организаторот и учесниците истиот ќе се решава спогодбено преку медијација или на друг мирен начин, а во случај кога тоа не е можно ќе решава стварно надлежен суд во Скопје.
Пред почетокот на наградната игра, а по добивање на согласност од Министерството за финансии, Правилата на Наградната игра во целост ќе бидат објавени на веб сајтот на Организаторот http://www.nagradnaigra.nlb.mk и делумно објавени на рекламниот материјал наменет за промовирање на наградната игра.
За промоција на Наградната игра ќе бидат користени следниве канали на комуникација:
Со исполнување на Правилата за учество во Наградната игра корисниците ги прифаќаат одредбите од овие правила. Овие Правила ќе се применуваат по добивање на согласност од Министерот за финансии на Република Македонија и по нивното јавно објавување, а ќе важат до завршувањето на Наградната игра, односно до завршувањето на рокот за подигнувањето на наградите.